Зелената боја е секогаш сигурен избор за новогодишна елка, ја има во различни нијанси и бранови.
Јаболково зелена, беше боја на годината, но постои и друга нијанса, богата, темно зелена, смарагдна.
Нијансата на смарагд, исто така е празнично зелена, а зачудувачки лесно, можете да ја комбинирате со дополнителни бои како златна, тегет и платина – па дури и црвена!
Еве една од нашите омилени поставки на оваа зелена боја. Секогаш можете да користите кадифена лента или некој vintage орнамент во медова нијанса.