Креативната директорка на куќата Шанел, Вирџинија Вијар, ги собра љубителите на модата во Le 19M – новоотворената париска зграда посветена на идните изложби на рачно изработени креации на брендот. Во просторот со фасадата украсена со бели бетонски нишки, дизајнирана од Руди Рикоти, таа ја претстави својата линија Metiers d’art 2021/22.
Архитектурата на објектот влијаеше на кроевите и мотивите на оваа колекција, која Вијар ја нарече “metropolitan”, препуштајќи ја во рацете на талентираните занаетчии – кројачи, плетачи, везилки на монистри, модератори, чевлари, специјалисти за цвеќиња и пердуви, златари, сакајќи да ја покажат широчината на нивната работа и удел во секоја креација на Шанел.
Таа ја претстави препознатливата естетика на Шанел, женски костими, волнени палта, трикотажа, твид и пепито дизајн во современ контекст, нагласувајќи го секој изглед до најситниот детаљ: длабоки деколтеа, нагласен монограм на брендот, лелеави долни делови, синџири на половината и слоеви на накит.