Магичниот свет на празнични чуда за кој сонува режисерот номиниран за Оскар, Roman Coppola станува позадина за гала кампањата на Louis Vuitton за 2021 година.
Француско-британската актерка и амбасадорка Stacy Martin глуми во видеото наречено „Holiday House“ додека не води од една среќна сцена на прослава и љубов во друга.
Познатите куфери на Louis Vuitton со монограмот на француската куќа се распослани околу семејната колиба, децата весело играат и ја украсуваат елката, додека во саундтракот го слушаме легендарниот, диско ритам на песната „Young Hearts Run Free“ од Candi Staton
Секој куфер на познатиот бренд води до различен амбиент, едниот до белата снежна патека на која парадираат модерно обучени скијачи, другиот е претворен во куќа за кукли, третиот ги крие највпечатливите чанти и модните додатоци на брендот, додека последниот не води до голема забава. Гостите на забавата носат најсјајна и најпразнична облека и танцуваат додека се збогуваат со 2021 година.