Од сабота па се до 31-ви декември, шопингот во Skopje City Mall добива празнична димензија и се претвора во вистинско волшепство. За врвно празнично шопинг искуство подготвија богата новогодишна програма, ја накитија највпечатливата елка во градот, а за магична шопинг пауза, пред молот се поставени штандови со варено вино и голем избор на „street food“ и се тоа проследено со богата музичка програма. Едноставно кажано „Волшепство во градот“.
Skopje City Mall со нетрпение ве очекува во сабота (04.12) да се придружите на новогодишниот базар и заеднички да ја споделиме празничната магија.
Првиот ден од новогодишниот базар ќе започне со богата музичка програма, DJ, музички перформанс „Писмото на Дедо Мраз“, како и концерт на Тамара Тодевска, а свечено ќе светне и најубавата елка во градот.
„Новогодишниот базар пред Skopje City Mall го направивме со цел на граѓаните да им овозможиме да ја почувствуваат празничната магија во Скопје, но и со цел да имаат неповторливо празнично шопинг искуство. На посетителите сакаме да им подариме радост, среќа, добри вибрации и заедно да си посакаме годината која што доаѓа да биде посреќна и поубава“, објаснуваат од Skopje City Mall.
Новогодишниот базар ќе трае од 4-ти до 31-ви декември, а покрај богатата програма, за посетителите се подготвени и бројни изненадувања и подароци.
Погледнете ја програмата за наредните денови.
Дојдете, посакајте желба и сонувајте!
Ве очекуваме во Skopje City Mall.