Пред неколку дена, Џорџо Армани беше одликуван со Големиот витешки крст (Cavaliere di Gran Croce) декориран со Големиот кордон, на приватна церемонија во Палацо дел Квиринале, која служи како една од трите официјални резиденции на италијанскиот претседател Серџо Матарела во Рим.
Како најголема цивилна почест на Италија, ова признание ја одразува кариерата на Армани во модната индустрија, која трае шест децении, но и неговиот статус како еден од водечките граѓани во земјата во секторите уметност, луксуз и живеење.
Досегашните добитници на Големиот витешки крст од светот на модата бројат само две големи имиња, Валентино Гаравани и Мјучија Прада, во 1986 и 2015 година. За Армани, пак, наградата не е само одликување на неговата славна кариера како дизајнер, туку и признание за неговите доживотни напори да ја промовира италијанската креативна индустрија на светската сцена, како и за сите добротворни акции.
Оваа почест има посебно значење за мене“, изјави прославениот дизајнер по церемонијата. „Ми го додели нашиот претседател, кој не само што е водечка фигура на државата, туку и човек чии вредности, отвореност и добрина се неспорно високи.”
Да потсетиме, минатата година дизајнерот донираше 2,2 милиони долари на локалните болници за борба против корона вирусот, додека неговата фондација Џорџо Армани (основана во 2016 година) продолжува со долгата благородна историја на дизајнери во поддршка на општествените цели, вклучително и борбата против ХИВ/СИДА. и детската сиромаштија.