Имаме добри вести – за зимата 2021/22, дизајнерите пронајдоа одлични начини да ја имплементираат потребната доза на стил во меки и удобни парчиња облека, кои баш не се најдоа во категоријата „мода“, но ни предизвикаат удобност и топлина.
Така, оваа зимска сезона нема да морате да се жртвувате на студ поради модата, бидејќи облеката како хеланки и јакни со пердуви пристигнуваат во стилско адаптирано издание.
Трендовите најавуваат дезени и тоа апсолутно секаде – на јакни и палта, на здолништа, блузи… Од стилска геометрија до кариран дезен, ќе го внесе модниот момент во вашата зимска облека. Ако ништо не ве грее како јакна со пердуви, сега е време да заблескате во една.
Хеланките не се револуционерно парче, но со помека и подебела ткаенина треба да го најдат патот до вашата зимска гардероба.
Џемпер над фустан
Карирани здолништа
Јакни од пердуви
Тексас од глава до пети
Јакни со принт