Уметницата Деби Вингам ја создаде најскапата, а можеби и најукрасната рамка за фотофграфии во светот. Рамката е вредна над 2 милиони американски долари и е обложена со повеќе од 10.000 дијаманти на кружната форма. Инаку, скапоцената рамка беше искористена за да се претстави фотографија од најпознатиот облакодер во Дубаи, Бурџ Калифа.
„Ова е супер сјајно дело како и што би очекувале од најскапата рамка во светот, но е избалансирана со обновен метал. Контрастот на старото и новото ја одржува и визуелната естетика на рамката, која е украсена со римски бројки и изгледа како скелет на часовник.
Под блескавите дијаманти се наоѓа фотографија од спектакуларната зграда која вистински го претставува денешниот Дубаи.
Ова не е прв пат Вингам да создаде скапа секојдневна работа. Таа во 2018 година направи свадбена торта вредна милион долари, која соодветно ја нарече „Милион долари“. Исто така, направи абаја во 2013 година со над 200.000 рачни шевови со конец од 14-каратно бело злато, по цена од над 300.000 долари.
Artist Debbie Wingham says she has created the world's most expensive picture frame, encrusted with thousands of diamonds and holding a painting of Dubai's Burj Khalifa skyscraper pic.twitter.com/BVSBdwFHZJ
— Reuters (@Reuters) November 5, 2021