Со промената на бојата на листовите и благиот пад на температурата, дојде новата сезона полна со свежи трендови, подготвени да ги додадеме во нашиот моден арсенал. Бидејќи трендовите, од сезона во сезона, доаѓаат и си одат, секогаш е тешко да се одлучите на кои сакате да ги потрошите (вашите тешко заработени) пари – особено затоа што некои нема да траат ни до пролетта. За среќа, веројатно веќе имате некои од модните трендови оваа сезона во вашите гардероби и молат да ги носите оваа есен.
Без разлика дали се работи за парче облека закачено на закачалка од минатата година или некое постаро парче наредено на дното од плакарот, време е да ги освежите и добро да ја искористите оваа есен, плус ќе изгледа како да носите ново модно парче.
Значи, дали сте подготвени за актуелните трендови?
Ние ви ги нудиме нашите 5 омилени есенски парчиња кои веројатно веќе ги имате во вашиот плакар.
Безвременски блејзери (и други машки кроеви)
Одважни бои
Cutout – кроеви
Плисирано здолниште
Трикотажа и меки плетени џемпери