Замислете си прошетки во зима, како во земја на чудата, облечени од глава до пети во парчиња од колекцијата Dior Alps.
Ако некогаш сте се пакувале за зимување, застанати пред вашата гардероба со мислите: „Она што навистина ми недостасува се парчиња кои одлично изгледаат покриени со снег“.
Ви ја претставуваме новата зимска колекција Dior Alps, или како што ја опишува креативната директорка Марија Грација Кјури, колекција која ја слави „елеганцијата во движење“.
Колекција е направена за сите видови на движења: од скијање низ падините надвор од патеките до резбање ангели во снег, трчање, скокање, фрлање снежни топки, пиење какао во дрвените колиби, apres ski или возење со жичарница.
Колекцијата е создадена за оние кои се возбудуваат од идејата за малку погруби паѓања во снегот, но и со изразена женственост.