Инспирација: 10 познати личности кои ни демонстрираат како ја носат кафената боја
Можеби звучи како клише, но есенските трендови го потврдуваат тоа – парчиња облека, па дури и цели стајлинзи во кафени нијанси се апсолутни “must have” за тековната сезона.
На прва, кафеаната боја изгледа монотона и здодевна, но ако ви го додадеме целиот спектар на тонови, од млечно кафеана до темно чоколадни нијанси, боја на капучино, земјана и паднатите лисја, најверојатно полека го менувате мислењето.
Холивудските sвезди се исто така свесни за претстојниот тренд и веќе демонстрираат совршени стајлинзи со комбинирање на сите нијанси на кафеаната боја. Многу од нив се појавија во јавноста неколку пати по ред во разни кафени комбинации, нагласувајќи ја моќта на оваа боја.
Така, имавме можност да ја видиме Џенифер Лопез на премиерата на филмот на Бен „Последниот дуел“ во кафен сет, кој се состоеше од топ и здолниште со длабок шлиц. За второто појавување, таа избра кожно кафено палто и здолниште, кои ги вклопи со слична кафеана нијанса на чизми, додека целиот стајлинг го заокружи со торба во малку потемна кафеана нијанса и очила за сонце во иста боја.
Не помалку спектакуларни беа и другите познати дами како Ирина Шајк, Ана де Армас или Џесика Алба, кои придонесоа кафената боја со својот изглед да изгледа ефектно, софистицирано и актуелно.