Во Лос Анџелес, а посебно во Сан Фернандо, Кирстен Данст, го најде своето лично засолниште, бидејќи таму живее во последните неколку години.
Бидејќи значително го доживеа гламурот на публицитетот, таа сакала да најде средина во која мирот ќе игра доминантна улога и конечно успеала.
Тоа е импресивна вила која доминира во тивка населба и е претворена во врвна семејна средина. Всушност, дел од декорацијата на оваа вила се парчиња чија поранешна сопственичка била Џеки Кенеди. Станува збор за врати што се купени во Њујорк, а биле во сопственост на најпознатата прва дама во светот.
Врз основа на белите sидови и огромните прозорци кои служат за да пропуштат светлина, избран е модерен дрвен мебел, кој иако е нов, на целата куќа и дава “vintage” шик карактер. Во внатрешноста доминираат дрвени површини, плетени ткаенини на софите и креветите, камени sидови и импозантни уметнички дела.
Набљудувајќи ја внатрешноста, откриваме дека топлата и пријатна атмосфера зрачи во секој агол и им обезбедува мир на сопствениците секој пат кога ќе ја посетат вилата за време на викендите.
