Неверојатнa и примамливa – со овие зборови најдобро би ја опишале најновата кампања за есен / зима 2021 година на модниот бренд Blumarine.
Адит Присила е во улога на впечатлива манекенка, додека рекламните фотографии ги направи модниот фотограф Харли Веир. Заедно со стилските дела на Лоте Волкова, со сценографија на Ема Роуч и режија на Мари Азарио, кампањата е каприциозна мешавина на нијанси, со прекрасна манекенка која носи преголеми крилја на пеперуткa, што навистина ја претвораат во елегантно и мистериозно суштество.
Носејќи беспрекорни дизајни и трендовски додатоци на брендот, Адит изгледа многу шармантно и маѓепсува со својот стајлинг потпишан од фризерот Шиори Такахаши, шминкерката Ана Такахаши и маникирката Мишел Хамфри.