Веднаш закажуваме термин во нашиот омилен салон …
Само неколку нијанси на лак можат да се класифицираат во ист ранг со безвременска и елегантна, црна боја.
Црнатa е посебно добар избор за есен, a кога е поврзанa со новите трендови од Инстаграм кои нудат неколку инспирации за се поголемата попопуларност на nail art, тогаш е добитна комбинација за впечатлив маникир кој оди со сите комбинации на облека.
Оваа сезона, црната боја функционира и како основа и како додаток на вашиот маникир.
Можете да ја користите црната боја за подобра дефиниција и дополнителна длабочина.
Трендовите во дизајнот на нокти оваа сезона се однесуваат и на додавање на црната како надградба на други веќе докажани бои на нокти: ќе ја гледаме како акцент или потполно лакирани нокти со црна боја (вселенски маникир, кој е популарен долго време).
Она што се очекува оваа есен и зима е минималистичко ажурирање, така што ќе ја видиме црната со суптилен уметнички дизајн кој имитира мермер и слично.
Погледнете 6 различни дизајни на црни дизајни на нокти во галеријата кои ќе ги надополнат сите ваши омилени есенски комбинации.