Nicolas Ghesquière создаде неверојатна колекција која, под впечаток на скандалот за кој бруи модниот свет, не смее да падне во втор план.
Магичната ноќ во Париз наликуваше на вистинска модернистичка бајка, прекината на самиот крај со еден удар на реалноста подготвен од непоканета демонстрантка, со натпис што го поистоветува прекумерниот консумеризам со исчезнувањето на човечкиот вид.
Покрај тоа, куќата ја прослави 200 -годишнината од раѓањето на нејзиниот основач Louis Vuitton, кој ја познавал царицата Евгенија, за која бил личен производител на кофери.