Прв поглед на најмодерните џемпери на сезоната …
Ажурирани дизајни кои ќе им се допаднат на сите љубители на модата.
Една од клучните ставки низ која поминуваме во сезоната се несомнено џемперите. Удобни, шик и елегантнои, овие меки и топли парчиња облека секогаш заземаат едно од најважните места во есенската и зимската гардероба. Особено ги сакаме џемперите бидејќи може да се носат во разни прилики, од работа до вечерно излегување, а друга страна, нивната предност е што лесно може да се комбинираат со сите парчиња облека од нашата гардероба.
Во новите колекции на најпознатите брендови ќе најдете џемпери со различен дизајн – модели од наједноставен крој, но и со разни детали, како што се големи крагни или паф ракави. Сакаме да ги носиме во предимензионирани линии, заедно со широки панталони и пар мокасини или масивни воени чизми. Не заборавајте дека светлите бои се сметаат за врвен тренд оваа есен и нема потреба да им „вртите грб“. Откријте неколку дизајни во галеријата со фотографии што ќе ве потсетат дека сега е вистинското време да купите нов џемпер.