Модните соработки се секогаш многу интересни бидејќи носат нова креативна линија во светот на модата.
Љубопитноста станува уште поголема кога ќе се соберат два модни гиганти како Fendi и Versace.
Можеме да кажеме дека немаше ниту соработка, туку замена, бидејќи креативната директорка на Versace, Donatella Versace, дизајнираше модни парчиња за Fendi, додека креативните директорки на Fendi Silvia Venturini и Kim Jones ја дизајнираа колекцијата за Versace.
Презентацијата на новата колекција, наречена Fendace се одржа на Модната недела во Милано и е главната тема на сите модни кулоари. Освен што овие два модни гиганти воодушевија со мини колекција во која претставија 25 парчиња, ревијата воодушеви и поради легендарните модели Kate Moss, Naomi Campbell и Amber Valletta.