Како што веќе сфативме во последните неколку месеци, светлите бои се еден од најголемите трендови на сезоната есен / зима. Една од боите што доминира и која секоја жена треба да ја има во својот гардеробер оваа есен е зелената.
Ja наоѓаме насекаде, од палта и фустани до модни додатоци како чанти и чевли. Зелената во сите нијанси ги освои срцата на модните дизајнери и ќе му даде стил на секој ваш изглед, па топло ви ja препорачуваме.
Можете да ja комбинирате со неутрални тонови, додека од друга страна ви овозможува да креирате врвни и многу смели комбинации доколку ja комбинирате со светли бои, како сина, жолта, но и црвена.
Во фотогалеријата, за вас ги избравме најмодерните парчиња во зелена боја кои заслужуваат место во вашата гардероба оваа сезона.