Интересно е како мала промена во домот, може да го направи просторот за живеење посветол и поуреден, а исто така тука е и елемент на менталното здравје – со задоволителна промена во вашиот дом, вашето расположение ќе се зголеми.
Реновирањето на станот и давање личен печат на просторот не е важно само за изразување на сопствениот идентитет, туку има и позитивен ефект врз психата.
Не можеме секогаш да издвоиме пари за реновирање и преуредување на целиот стан, но дури и малите промени можат да направат голема разлика во досегашниот ентериер.
Ви прикажуваме едноставни начини за освежување на просторот кои имаат моќ да го трансформираат и осветли вашиот дом и расположение.
ВИШОК РАБОТИ – НАДВОР!
Отстранете ги неупотребливите работи од работната површина, однесете ја старата микробранова печка на рециклирање, фрлете ја напукнатата шоља, иако ви е омилена …
ШИК ПОСЛУЖАВНИК – Почестете се со кафе во кревет со послужавник кој ќе го израдува вашето расположение и целата атмосфера.
СМЕНЕТЕ ГИ МЕСТАТА НА МЕБЕЛОТ – Работна столица во спалната соба? Да, зошто да не!
НАБАВЕТЕ СЛИКИ – или врамени постери кои ќе го нагласат вашиот личен стил или можеби содржат некоја мотивациска порака, тие се задолжителни за секој топол дом.
“MOOD BOARD”
Поттикнете радост и инспирација со интересна табла за расположение.
БИДЕТЕ КРЕАТИВНИ СО БОИ – Внесете бои во вашиот дом, дури и како нов тепих.
ТРИК ЗА ИСТАКНУВАЊЕ НА НАЈДОБРОТО ВО СОБАТА – Понекогаш е доволно само едно парче скап мебел или декоративна светилка, што ќе ги фрли во сенка останатите поедноставни работи во собата.
УРЕДЕТЕ ГИ ПОЛИЦИТЕ СО СТИЛ – Од прекрасно наредени полици на самиот почеток до „држачи“ за разни хартии и друг неред, со текот на времето го занемаруваме ова парче мебел. Време е да го смените ова.
ОПЛЕМЕНЕТЕ ГО ПРОСТОРОТ СО РАСТЕНИЈА – Покрај тоа што изгледаат одлично во секоја соба, па дури и во бањата, растенијата ни го даваат и скапоцениот кислород.
Користете проsирни тегли со маркери за сортирање зачини и други намирници. Обележените кутии за сортирање на храна се исто така добра идеја во оставата или чајната кујна.