Со бурниот начин на живот, понекогаш е многу тешко да се обрне внимание на диетата, но исхраната е многу важна ставка во нашиот живот.
Во здраво тело со идеална телесна тежина, сепак се чувствуваме најдобро.
Ако се борите со вишокот килограми, следната храна може да ви помогне:
1. Ѓумбирот е многу богат со антиоксиданси кои ќе го олеснат процесот на слабеење.
2. Цимет – помага да се намали нивото на шеќер во крвта што автоматски има позитивен ефект врз губењето на вишокот килограми.
3. Куркумата е позната по антиканцерогените ефекти, но одлична е и за слабеење. Куркумата е заслужна за подобра детоксикација на црниот дроб што ќе ви олесни да изгубите тежина.
4. Зелениот чај е одличен двигател на метаболизмот, односно може да помогне да се забрза варењето. За најдобри резултати, млакиот зелен чај најдобро се пие на празен стомак наутро, кога станувате.
5. Ренот е многу здрав и нискокалоричен. Содржи само 45 калории во 100 грама, а богат е со витамините А, Б и Е, натриум, магнезиум, калциум, фосфор …