За првите денови од есента – високите каубојски чизми се супер хит …
Есента е годишно време кога малку потоплите ткаенини и чевли се враќаат во нашите плакари. Можеби најпопуларните есенски чевли се токму чизмите.
Како и минатата година, гломазните chunky чизми ќе бидат многу популарни, но сите знаеме дека добрите каубојки се вечна класика.
Оваа есен тие ќе бидат најбараните. Каубојките обично може да се најдат во облик на чизми до глуждот, но оваа есен ќе бидат популарни тие кои ќе се до под коленото.
Високите каубојки многу лесно се комбинираат во есенските денови бидејќи одлично одат со бермуди, фустани, но и со тесни фармерки.