Познатиот филмски фестивал, на чиј црвен тепих ќе продефилира холивудската и европската актерска елита во следните десет дена, може да се пофали со премиерата на неколку од најочекуваните наслови на годината.
На прво место, тоа е научно -фантастичната драма Dune, чија премиера ја чекавме речиси две години, а потоа Spencer – кој се занимава со темата за животот на принцезата Дијана, но секако и Parallel Mothers, кои ја отворија филмската церемонија.
Кога станува збор за стајлинзите кои ги чекаме, со оглед на тоа колку пати Хелен Мирен воодушеви во последните неколку дена од својот престој во Венеција (од појавувањето на модната ревија на Долче Габана за време на викендот, и во текот на секој нареден ден и настан ), до синоќа, буквално најсветлиот стајлинг на вечерта, сепак очекуваме уште многу од 76-годишната британска актерка.
Слично е и кога станува збор за една од sвездите на фестивалот, Пенелопе Круз, која синоќа блесна во креација од модната куќа Шанел, исто очекуваме од Крисин Стјуарт на премиерата на Спенсер, со оглед на тоа дека американската актерка е исто така еден од амбасадорите на Шанел.
Кога станува збор за посилниот пол, sвезда на биеналето секако е младиот Тимоти Шаломе, како во однос на водечката улога во култната Дина, така и во однос на облеката, бидејќи овoj 25-годишен актер никогаш не разочарал со неговите стајлинзи, туку често воодушевува и изненадува – што е навистина тешко да се постигне во светот на машката елеганција.