Мокасините направија вистински бум на модната сцена минатата есен и зима. Дознајте подолу дали мокасините ќе останат во тренд оваа есен и зима …
Мокасините неколку години беа “out”, а дури минатата година станаа популарни и се претворија во едни од најносените и најпосакувани чевли.
Prada a е одговорна за популарноста на мокасините бидејќи тие го дизајнираа најбараниот модел на мокасини. Нивните мокасини беше невозможно да се најдат бидејќи беа распродадени насекаде.
Ако се прашувате дали мокасините ќе бидат популарни и оваа сезона, одговорот дефинитивно е ДА. Ова е докажано со редизајнираната верзија на најпопуларните мокасини Pradа кои доаѓаат со многу голем ѓон, сличен на оној од популарните чизми на Prada.