Италијанскиот луксузен бренд ја претстави актерката Eiza González како амбасадор на брендот со новата рекламна кампања снимена од Greg Swales.
(Eiza González е мексиканска актерка и пејачка)
На фотографиите, Eiza позира облечена во ѓерданот Magnifica Serpenti Crescendo со дијаманти и смарагди. За снимањето, Eiza беше стилизирана од Elizabeth Saltzman.
„Исклучително сум возбудена што можам да објавам дека ќе се придружам на семејството BULGARI! Неверојатно сум горда што станав првата латино девојка која е амбасадор на овој престижен бренд. Сакам да ви се заблагодарам и чест ми е што сум дел од толку познат италијански бренд. Длабоко сум благодарна и воодушевена од иднината на нашето партнерство “, напиша sвездата на Инстаграм по повод новата соработка.