Со оглед на тоа што пандемијата на коронавирусот, за жал, се уште трае и дека мерките за контрола на пандемијата се сеуште активни, светот живее под нови нормални услови.
Носењето маска и понатаму е дел од нашето секојдневие, затоа мораме да ја прилагодиме шминката на таа ситуација. Бидејќи маската покрива половина од нашето лице, нашите усни станаа невидливи, а целата шминка го смени својот фокус.
Она на што се заснова целата шминка се очите.
Усните дефинитивно паднаа во втор план, а очите се столбот на секоја шминка. Кога зборуваме за шминкање на очите, првото нешто што ни паѓа на памет е маскарата, а потоа и сенката за очи. Бидејќи сенката за очи е толку важен дел од шминкањето, важно е да знаете кои бои на сенки најдобро одговараат на вашата боја на очи, за што можете да дознаете подолу.
Ако вашите очи се зелени, тогаш сенките на виолетови и црвеникасти тонови се најдобри за вас.
Сива боја на очите најдобро се согласува со сивкасти или сребрени тонови како и кафени нијанси.
Ако вашите очи се сини, портокалови и розови нијанси се совршени.
Кафените очи ќе бидат најизразени ако користите “nude” и златни нијанси.