Инспириран од обликот на ража, новиот јахт клуб се протега близу до брегот, давајќи им можност на сопствениците на јахти да се дружат, додека нивните прекрасни бродови се безбедно закотвени …
Овој фантастичен нов клуб зафаќа простор на копно и вода, дејствувајќи како ража која плива кон брегот со опашката свртена кон хоризонтот на водата. Луксузниот јахт клуб е создаден како дело на архитектот од Шри Ланка, Thilina Liyanage , кој сакаше да го импресионира светот со своите архитектонски чуда, инспирирани од природата.
Овој клуб е уште една негова експресивна визија, инспирирана од подводно животно, со кое споделува изобилство на елементи, благодарение на употребата на прави бои, волумен, пропорции и облини.
Зградата во облик на ража плута благодарение на дрвеното пристаниште изградено на брегот, со голема уста што делува како влез и опашка што формира котви за јахти.
Кога ќе се закотват јахтите, јахт клубот станува идеална средина за дружење на богатите сопственици, а има консиерж, ложа, бар, ресторан и многу други придобивки што се очекуваат од таквото ексклузивно место, наменето за милионери и милијардери.