Инспирација за секојдневни комбинации на облека наоѓаме по улиците на светските метрополи …Хартија во рака и фатете белешки, следниве модни лекции ќе ви помогнат да бидете заводлива дама која го одзема здивот!
ВНЕСЕТЕ ДИНАМИКА СО БЕЛА КОШУЛА ВО НЕОБИЧНА ФОРМА
Белата кошула секогаш ќе биде база во облеката. Во морето од „обични“ кроеви и униформен стил, одберете модел кој остава без здив! Значи, асиметријата, деталите и невообичаеното се најважните карики во динамичната облека.
СО ДЕЗЕНОТ НОСЕТЕ И ЕДНО ФЛУОРЕСЦЕНТНО ПАРЧЕ
Оваа сезона е преполна со разновидни дезени кои, верувале или не, ќе остават најдобар ефект во комбинација со еден акцент во флуоресцентен тон. Досадните модни изгледи жсе целосно аут, затоа само напред со експлозивни бои и впечатливи летни дезени!
БИДЕТЕ СПРЕМЕНИ ЗА НЕОЧЕКУВАНИ ВРЕМЕНСКИ ПРОМЕНИ
Иако најчесто го врзуваме со есенската сезона, мантилот е парче кое секогаш ни е потребно! Црн лакиран мантил е како стилски класик, секогаш служи за целта. Подгответе се за неочекуван дождлив ден.
ДВЕ ЧАНТИ, ВЕ МОЛАМ!
Колку пати не сте успеале да се одлучите за вистинската чанта која ќе ја истакне вашата комбинација на облека на вистински начин? Најдовме решение, без многу размислување, понесете две торби, едната мини, а другата микро!