Француската манекенка Тина Кунаки има само 24 години и ги освои светските медиуми со својата егзотична убавина (во брак е со Винсент Касел од 24 август 2018. и имаат едно дете) …
Заводливата убавица, внимателно ги избира оние парчиња што дополнително го зголемуваат нејзиниот сексапил, а структурираните фустани со волуминозни детали и деконструкција во кројо, се нејзиниот заштитен знак. Високите потпетици најчесто се со потпис на сега незаменливата Амина Муади.
На филмскиот фестивал во Кан, таа ги остави сите без здив во тоалетата од Валентино. Во стилскиот дијалог на црвената и виолетова, гламурозната силуета ги привлече погледите на модните инсајдери кои го оценија ова издание со највисока оцена.
Не смееме да го заборавиме нејзиниот изглед на Модната недела во Париз, каде доминираше во кожен капут и чевли стилето во флуоресцентна зелена нијанса.
Без сомнение, Кунаки е девојка која знае!