Откако објави промени во својот бизнис каде „ангелите“ повеќе не постојат, брендот Victoria’s Secret го претставува својот нов парфем Tease Creme Cloud Eau de Parfum.За новата рекламна кампања, брендот ја избра sвездата која позира на позадина на синото небо со облаци.Рекламната кампања ја сними Mario Sorrenti, додека бринетата носи бел фустан со карнери и изгледа како ангел.
Брендот Tease Creme Cloud е опишан како „воздушен гурмански мирис“ наменет за имитирање на „сонување во облаци“.Tease Creme Cloud е цветен мирис со ноти од цвет Сантал, транспарентен килибар и ванила.
Рекламата, исто така во режија на Sorrenti ја покажува Madison која танцува опкружена со небо и облаци, додека слоганот на парфемот е: „Не откажувај се од своите соништа“.
Мирисот доаѓа и во форма на мирис, лосион, крем за тело и кристали за туширање кои се движат од 18 до 35 долари.