Дали постојано носите облека во неутрални бои како црна, бела или беж и дали ви е повеќе смачено да носите „здодевни“ комбинации?
Летото е вистинското време кога можете и треба да носите шарени облеки кои пукаат од боја. Но, се плашите да ги комбинирате боите и не сте сигурни која боја со која оди? Тогаш сте на вистинското место затоа што ви откриваме подолу кои бои се совпаѓаат едни со други.
1. Аналогни бои
На скалата на бои, аналогните бои означуваат соседни бои или бои кои имаат слична нијанса. На пример, портокалова, црвена и розова.
2. Монохроматски бои
Монохроматски моден изглед е облека која се состои од една боја која може да биде во различни тонови.
3. Комплементарни бои
Комплементарни бои се бои кои се наоѓаат на два различни пола во спектарот на бои.