Летната сезона е резервирана за женствени комбинации, а во тој прилог е илустрацијата на колекцијата на Patrizia Pepe!
Италијанската марка е препознатлива по својот софистициран стил и исклучително женствени колекции наменети за сензуални, смели и самоуверени жени, а заштитниот знак марката The Fly стана симбол на беспрекорен квалитет вткаен во секое парче на облека.
Колекцијата е изработена од најдобри материјали, вклучувајќи тантела, свила, волна и вискоза. Кожните модни додатоци се познати по тоа што траат со години, благодарение на најквалитетните суровини и беспрекорната изработка.
Од слип сатенски фустан во боја на лосос со паспули од монистра, па се до драпиран мини фустан со нагласени раменици, панталони со висок струк, комбинирани со топ од тантела, до цветен фустан со суптилни волани, не можеме да ја издвоиме нашата омилена комбинација на облека.
Едно е сигурно, со парчињата на Patrizia Pepe, ќе изгледате како кралица на вечерта!