Дали овој фустан на Оливија Палеремо e најубавото летно црно парче?

Сепак, all black – целодневна варијанта на лето навистина не е толку честа, што Оливија многу добро ја знае. Од таа причина, беше полесно да се постигне овој ефект кој како водечка модна вест ја обиколи планетата.
Најголемата тајна на овој супер ефективен стајлинг сè уште е во формата. Макси фустан во А крој со акцент на поширокиот долен дел од моделот.
Изгледот е заокружен со брилијантни модни додатоци, плетената чанта со црни кожни рачки целосно го постигна комплетниот стил, а рамните црни влечки со златни детали се одличен додаток.
Едноставна летна елеганција во сета своја моќ.