Логично е дека високите температури во текот на денот ја ограничуваат нашата инспирација. Но, овие улични стилови докажуваат дека дури и при високи температури можеме да создадеме импресивен изглед.
Деновиве дефинитивно би сакале да бидеме на плажа. Сепак, тоа не е можно, бидејќи секојдневието не држи во градот и канцеларијата. Значи, прашањето со кое се соочуваме секое утро е што да облечеме. За среќа, уличниот стил има многу предлози да изгледате беспрекорно кога надвор е +40.
Секако, ги користиме најлесните парчиња од нашата гардероба. Избираме природни ткаенини како што се памук и лен кои и овозможуваат на кожата да дише. Мини, миди и макси фустани се дефинитивно во нашиот најдобар избор, како и здолништата. Дефинитивно им велиме „да“ на кошулите и шорцевите, како и летните блузи, а изгледот го надополнуваме со сандали, рамни влечки или патики.
Погледнете ги нашите предлози – овие улични стилови ќе станат наша основа за целото лето.