На патеката попрскана со sвезди, излезе на виделина колекцијата Gucci Aria, која Алесандро Микеле, креативниот директор на брендот, напиша во своите белешки дека таа претставува длабоко и возбудливо нуркање по сè за што копнееме денес …
Исто така Aria е уметнички пандан на италијанската оперска арија.
Со оваа колекција, Алесандро Микеле и оддаде почит на стогодишната историја на славниот бренд и потврди дека Gucci држи чекор со најновите модни трендови, а сепак брендот останува автентичен и препознатлив.
Создавајќи ја колекцијата Aria, Микеле постигна успешна соработка, изненадувачка за многумина и досега невидена, со модната куќа Balenciaga.
Одбележувањето на стогодишнината од италијанскиот бренд е идеален момент за одбележување на креативната соработка на две големи модни куќи – Gucci и Balenciaga и двајца уметници – Алесандро Микеле и Демна Гвасали. Во исто време, тоа е најава за соработка на овие два бренда.
Објаснувајќи ја заедничката работа, Микеле истакна дека колекцијата „ Aria“ претставува заемна контаминација и тесна поврзаност на двата бренда, нагласувајќи: „Ја запленив неконформистичката строгост на Демна Гвасали и сексуалната тензија на Том Форд“.