Шарени новини во колекцијата Gucci лето 2021 година …
Брендот Гучи реши да му оддаде почит на модниот дизајнер Кен Скот со специјална капсула колекција, во која се наоѓаат неговите познати цветни материјали.
Како долгогодишен обожавател на работата на Скот, Алесандро Микеле ја користеше неговата жива графика на класични Гучи пачиња, односно на облека, модни додатоци и обувки.
Чантата Jackie е креирана од црна кожа, која е украсена со портокалови, жолти и лаванда ливчиња, додека торбата Marmont доби сличен, шарен дизајн, но на бела подлога.
Макси фустаните се во стилот на седумдесеттите години, а костумите исто така го добија овој третман, совршено комбинирајќи се со ботаничката верзија на класичните Princetown папучи.
Кога станува збор за модни додатоци, можеме да видиме шапки и и шалови во колекцијата, како совршени детали.