Сезоната на малини е почната, а освен што се вкусни и здрави, тие прават и чуда за убавината.
Затоа, уживајте во ова овошје, бидејќи тоа е вистински домашен еликсир против стареењето. Колку што е вкусно, толку е и здраво, особено во превенција од малигни и срцеви заболувања.
Малините содржат дневна доза на витамин Ц.
Малините се исклучително богати со моќни антиоксиданти, кои имаат антиинфламаторно дејство, спречувајќи го дејството на штетни бактерии и габи. Меѓу нив има и антоцијанини, кои на малините им даваат црвена боја, ресвератрол, што го забавува стареењето и елагитанин, кој има антиканцерогени својства.
Чај и оцет
Со исушени лисја од малина се прави чај, кој се користи за настинки, болки во грлото, кашлање, дијареја …
Оцет и сок од малина ја намалуваат треската.
Дневна доза
Количината од 100 грама малини содржи скоро половина од дневните потреби на витамин Ц, покажа истражувањето. Покрај витамин Ц, содржи и витамини Б, Е и К, а од минералите калиум, магнезиум, манган, бакар. Малините ги чистат крвните садови.
Поради фактот што малината е богата со влакна кои го стимулираат варењето, крвните садови исто така успешно се чистат. Малините се одлични за кожата.
За оние кои имаат малку покачен шеќер и холестерол, нутриционистите препорачуваат дневна закуска малини, бидејќи тие имаат корисен ефект врз нивото на шеќер во крвта и го стимулираат метаболизмот на мастите, со што се спречува нивното таложење во организмот.
Патем, 100 грама малини имаат само 52 калории, што ги класифицира како нискокалорично овошје.