Ако пребарувате во фидот на Инстаграм и ТикТок по цел ден, дефинитивно сте ги виделе новите гумени налани на Gucci.
Голем број од најпознатите инфлуенсерки ширум светот споделуваат слики и видеа од нивните нозе, со овие трендовски папучи. Изработени од гума, овие налани со ниски потпетици изгледаат како летна „хит“ папуча.
Кога ќе го погледнеме нивниот дизајн, не можеме а да не забележиме дека имаат носталгично и скоро разиграно расположение, бидејќи не потсетуваат на гумените сандали кои ги носевме кога бевме мали, но оваа нова модна верзија одговара на сите возрасти и се комбинира со женски фустани и и со секојдневна облека, како што се кошула и фармерки со висок струк.
Тие се достапни во различни бои, а наши фаворити се пастелно-розовата и црвената боја.