Водечките (nail art) трендови за убавина на ноктите, кои оваа година најлесно би можеле да ги сумираме: по нешто за секого, за некои сè.

Од класични до по-малку неочекувани нијанси, ова се најмодерните бои за лакови кои ќе ги видиме насекаде оваа година, а особено за време на летната сезона – прелистајте ја нашата галерија и пронајдете инспирација за вашиот следен маникир.

МЕТАЛИК

За деновите кога ни треба нешто поексцентрично, постојат металик нијанси кои едноставно инспирираат забава и добро расположение со својот сјај! Оваа година избираме сребрени металик нијанси, а добивате бонус поени ако се решите за малку поинаков дизајн на самиот маникир.

СЕНФ-ЖОЛТА

Жолтата е апсолутно секогаш популарна и со задоволство одбрана боја за маникир, без оглед за која сезона станува збор. Во зависност од вкусот, изберете мат нијанси или оние со одличен финиш и веќе знаете – внесете го сонцето во секој свој ден!

СИТЕ НИЈАНСИ НА ЗЕЛЕНАТА

Ако враќањето во природа го одбележа претходниот период во нашите животи, тогаш не е ни чудо што почнавме да вклучуваме зелени нијанси во секој сегмент од нив. Маникирот, се подразбира, а ако сте расположени да експериментирате, одлучете се за малку поинаков омбре и оставете секој нокт да заслужи своја зелена нијанса.

СИНО-СИВА

Ако ја сакате сината, но сакате малку понежна нијанса, нејзината комбинација со сива носи тонови кои оваа година сигурно ќе ги видите насекаде. Сепак, мора да ве предупредиме – бидете подготвени сите да ве прашаат: „Еј, мила, каква боја е тоа?!“

ТЕМНО СИНА

Оваа нијанса исто така докажува дека класиката никогаш не излегува од мода – темно сината е нешто како нова црвена, а бидејќи не поврзува со морето, претпоставуваме дека нема потреба да ве убедуваме предолго, нели?

Раскошна кафена 

Чоколадните нијанси не престануваат да нè радуваат, а покрај шминката, со задоволство ги вклучуваме и во маникиро. Инспирирани од деведесеттите, па дури и трендовите од претходната, зимска сезона, ние продолжуваме да ги сакаме кафените нијанси со малку пресврт – дискретни златни детали!

Млечен маникир

Интересна графичка уметност за нокти во златни тонови ќе го истакне вашиот маникир, исто како летен, исончан тен.

 Француски маникир на поинаков начин

Кафените нијанси во последно време се ултра популарни во светот на убавината, а можете дополнително да ги освежите со сосема спротивна, светла боја.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваКолекција каде елеганцијата се спојува со силата – како изгледаше Dior Cruise 2022 во Атина!
Следна објаваГумените Gucci налани се најмодерниот летен тренд!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ