Понекогаш повеќето од нас сакаат да се релаксираат со чаша од омилениот пијалок …
Лето е, температурите се пеколни и повеќето од нас бараат спас во омилениот разладен пијалок.
Општо е познато дека треба да бидете умерени со алкохол, бидејќи алкохолот не е здрав.
Треба да го подготвите стомакот за внес на алкохол за да не биде потоа весела работа, но и да ги ублажите симптомите на мамурлук.
Неопходно е да се внесат хранливи материи во организмот со цел да се обезбеди нормално функционирање на телото, а особено на желудникот и црниот дроб. Неопходно е да се внесе доволно количество протеини, влакна, но и маснотии во организмот.
Тост од авокадо со јајца е еден од одличните примери за тоа што е добро да се јаде пред да се консумира алкохол бидејќи авокадото и јајцата ќе обезбедат доволно протеини и здрави масти за да ги забават ефектите на алкохолот врз вас. Исто така, ова јадење може да спречи гадење.
Освен тост од авокадо, уште едно многу едноставно и ефикасно јадење е овесна каша. Овес со незасладен грчки јогурт е одлична опција бидејќи содржи многу растителни влакна и протеини што ќе ве одржуваат сити подолго време.
Главното правило е: не заборавајте да јадете пред да пиете алкохол!