Исечоци на половината, грбот или под градите – стануваат (must-have) задолжителни детали на летните фустани!
Бидејќи летото ни носи голем број модели на фустани – од миди и макси до лесни и транспарентни, невозможно е да не додадеме барем еден “Cut-out” фустан во нашата колекција.
Овие фустани кои ги видовме претежно меѓу славните на црвениот тепих го освојуваат местото во нашиот секојдневниот летен стил, давајќи му на нашиот изглед женствен шмек што треба да биде „сладок, но и секси“.
Најдобар начин да ја покажете и потенцирате вашата половина?
Макси фустан со изрези на половината ќе стане вашиот најдобар сојузник за сите летни вечерни излегувања во кои сакате да бидете елегантнии забележани.