Дали има нешто поубаво за да се одбележи почетокот на летото од гламурозната и блескава нова колекција на накит?
Ако го прашате брендот Harry Winston одговорот е не.
Врз основа на акронимот на зборот за кој се испеани многу песни и раскажани многу приказни за љубовта, (love).
L, во оваа колекција (light) претставува светлина, О (obsession)претставува опсесија, V претставува (vow) завет и Е (eternity) претставува вечност. И можеме слободно да кажеме дека најновиот ансамбл на познатиот бренд е ултра-шик и прекрасен. .
Се состои од 39 парчиња поделени во четири уникатни поглавја, колекцијата содржи прстени со накит, обетки и ѓердани. Колекцијата „Light“ претставува брилијантен состав на дијаманти, розови сафири, спесарити и рубини, додека “Obsession” се карактеризира со живописни камења во нијанси на виолетова, портокалова и црвена боја.
Vox се состои од ѓердан, прстен и обетки со рубини, дијаманти и розови сафири, кои се втиснати во розово злато. Конечно, линијата Eternity – вечност има Sweet Heart ѓердан, обетки и прстен со дијаманти, рубини и розови сафири.
Извршниот директор на брендот Harry Winston, Najla Hayek изјави: „Љубовта е круцијална емоција. Поради својата комплексност, сакавме новата колекција да има димензија и да содржи прекрасни скапоцени камења во живописни нијанси како што се црвена, жолта, портокалова, розова и виолетова, со цел правилно да ги претставиме динамиката и огнените емоции кои стојат зад нејзината инспирација”.