Вистинско лето е во градот, а единственото нешто што сакате да го носите на топло време е широка маица или снежно-бела кошула.
И, ако сè е јасно од прва, тогаш изборот на правилен крој и стил на кошула не е многу тешка задача.
Супермоделот Елза Хоск може да ви помогне во ова.
Sвездата одбра совршена Valentino кошула од бел памук со корален принт.
Познатата манекенка кошулата ја стилизираше со свилена марама и соодветни шорцеви.
Чантата Valentino само го надополни нејзиниот модерен и лежерен изглед.