Еден од најпопуларните, ако не и најпопуларен дезен на ова лето, дефинитивно е карираниот дезен.
Може да го комбинирате со тексас јакна, кожна чанта или сламена торба на рамо, балетанки, патики, сандали еспадрили или папучи за лежерен изглед.
Овој романтичен дезен оваа сезона краси многу модели. Се носи на фустани, панталони, карирани маици, комбинезони и летни сакоа.
Најмодерни се, ако не и најслатки карираните дезени во црвена и розова боја.
За вас ги избравме најубавите модели со кариран дезен кои можете да ги најдете во продавницата на Zara.