Во форма на sвоно, широки или рамни? Откријте кои модели ги имате и кои треба да ги купите што е можно побрзо!
Можеби не го правиме ова секој месец, но дефинитивно понекогаш додаваме нов пар фармерки во гардробата. Sвонарки, широки или прави, скоро е невозможно фармерките да не разочараат, бидејќи им веруваме на дизајнерите кои ја дефинираат модата, вметнувајќи нови модели во своите колекции во сите различни верзии.
Затоа постојат неколку стилови на фармерки кои не би требало да недостасуваат на ниту една женска гардероба.
Доколку сакате да проверите кој модел веќе го имате и кој треба да го набавите што е можно поскоро, направивме водич со 5 задолжителни модели кои ќе ги носите со години …
Sвонарки
Тие нè потсетуваат на 70-тите години, ги издолжуваат нозете и одговараат на сите жени, со различни форми на телото. Доколку немате sвонарки, ви предлагаме да ги набавите и да ги комбинирате со кломпи, кошули и мантили и јакни во каубојски стил, со реси.
Фармерки со висок струк
Дали навистина има женска гардероба која не содржи барем еден пар панталони со висок струк? Дури и ако сте од тие кои никогаш не се замориле од фармерки со низок струк, овој модел ќе го освои вашето срце со удобноста и кул расположението што го нуди.
Широки фармерки
Да, широките фармерки се крајниот тренд во последните сезони. Ако сакате голема облека, ќе ви се допаднат, додека балансот во изгледот можете да го побарате комбинирајќи ги со краток топ и високи сандали.
Рамни фармерки
Класични, женствени и погодни за сите прилики, од канцеларија до вечерен пијалок. Правите фармерки се парче облека за кое гарантираме дека никогаш нема да ви досади.
Бели фармерки
Белите фармерки можете да ги носите во секоја пригода и изгледаат одлично во комбинација со блузи и лесни кошули во пастелни или јаки бои.