Терапијата со бои е одличен начин да се расположите на дождливо време …
Додека деновите не станат вистинско лето и не нè задоволат со сонце и топлина, единствената опција да не се нурнете во депресија е да се расположите.
На пример, можете да да го средите гардероберот, да се израдувате со шопинг и да додадете светли бои – кога, ако не на лето. И дури ако сте љубителка на неутралната палета, сочниот изглед на Елса Хоск несомнено ќе ве инспирира.
Шведската манекенка објави низа фотографии на кои позира во тотален портокалов изглед. Кожниот комбинезон го надополни со блуза и бела крагна, а ова е редок случај кога стајлингот, кој на прв поглед е во премногу светли бои, изгледа толку хармонично и убаво, што сакате да го повторите.