Сандалите и папучите Флип-Флоп се врвен моден израз на уличниот стил и се алтернатива на оние кои не сакаат да носат класични модели …
Иако мислевме дека апостолките секогаш ќе останат влечки за на плажа, пред две години сандалите Флип-Флоп беа во првите редови на модата.
Ова лето доаѓаат во нови варијации и ги освоија срцата на модерните дами со нивните необични дизајни.
Како ќе ги комбинираме сандалите Флип-Флоп ова лето?
Оваа сезона се во мода модели со квадратен врв, сандали во боја на кожа, но и модели со ременчиња кои ја „гушкаат ногата“. Ги видовме во колекциите на најпознати брендови и можеме да кажеме без сомнение дека сандалите Флип-Флоп се најминималистичкиот тренд кој совршено се комбинира со која било облека.