Од Одри Хепберн, МиеaФароу, Натали Портман до Кира Најтли – ова се само некои од славните жени кои избраа мини венчаници за денот на нивната венчавка…
Последната година, а главно поради карантинот, склоноста на паровите да прават свадби во after-party стилот со малку гости, доведе до зголемување на побарувачката за мини венчаници за 170%, според Lyst.
Освен што ќе ги носите на свадба, белиот мини фустан може да го носите и после венчавката, на други свечени церемонии. Со рамни сандали, мини венчаницата ќе изгледа лежерно, додека сандалите со висока потпетица совршено ќе ги потенцираат вашите витки нозе …
Со пердуви на ракавите како што предложи Saint Laurent, со романтично расположение и тантела како што видовме во колекцијата Miu Miu, но и во бохо-шик стил како кај Isabel Marant, во нашата галерија со фотографии ќе најдете модели кои веднаш ќе ве однесат на вашиот специјален, голем ден.