Вклучувајќи фустани од соништа, блејзери и додатоци …
Ако постои еден бренд кој е вистински синоним за летото, тогаш тоа е Jacquemus …
Преку фантастични дизајни инспирирани од југот на Франција, Simon Porte Jacquemus стана еден од највозбудливите дизајнери чија работа со задоволство ја следиме, а токму сега, тој лансираше нова, ексклузивна капсула колекција, за да го поздрави летото.
Новата колекција од тринаесет парчиња вклучува парчиња во светли бои, како што се Fuschia и Orange, а вклучува коктел фустани, блејзери, шорцеви, блузи и чанти.
Секако, познатата чанта Le Chiquito се нуди во совршени летни нијанси, како и пар високи потпетици на врзување, кои може да се носат преку ден и навечер.
Можете да ја видите целата колекција во галеријата …