Ова лето уживајте во свиленкасто мазна кожа и свилен женски изглед …
Летото е пред нас, а како што сме навикнавме на удобна облека која ни дава комфор, решивме најтоплите денови да ги поминеме во свилени парчиња облека.
Гламурот и женственоста кои долго време ги чекавме се вратија во најубавата форма!
Свилата е актуелна и оваа година, а ако ги погледнеме предлозите на модните дизајнери, ова лето ќе ја носиме во форма на минималистички и лежерни фустани.
За денешниот „стил на денот“ избравме долг златен свилен фустан без ракави со длабоко деколте во комбинација со долг кашмир кардиган. Додадовме кожни мокасини кои се идеален избор за долги прошетки и кожна торба. Пар очила за сонце се тука за да го комплетираме нашиот модерен изглед.