Ако се прашувате каква фризура да носите ова лето, одговорот е плетенки.
Добрата вест е дека плетенките кои се хит во моментот, не се толку тешки за паравење, како што беа плетенки – рибина коска, кои се носеа неколку години наназад.
Ако сте малку вични со косата, сами ќе ги направите и ќе ја обожавате оваа фризура.
За оваа фризура треба да направите мали, или две тенки плетенки со прамени околу лицето и фризурата е готова. Навистина многу едноставно и брзо, а во исто време многу модерно и кул.