Многу жени сакаат да имаат “3 метри” долги нозе и многумина сметаат дека нозете се најсекси женски атрибут. Но, немаме среќа сите нозе како оние што ги гледаме на модните писти. Иако мајката природа можеби не ни подарила долги нозе, постојат трикови за тоа како можеме визуелно да ги продолжиме нозете и да се чувствуваме исто како моделите со долги нозе на пистите. Облеката визуелно може да направи чуда и со тоа да ги издолжи вашите нозе, а подолу ви донесуваме што и како треба да носите за нозете да ви изгледаат подолги.
1. Панталони во форма на sвоно
Моделот на панталони со висок појас ќе ги издолжи вашите нозе. Овој крој на панталони навистина неверојатно ја нагласува фигурата, струкот и ги издолжува нозете. Покрај sвоно панталоните, вашите нозе можат визуелно да се продолжат со многу популарните хеланки кои се шират на дното и имаат процеп на самиот крај.
2. Изразено V деколте
Маица или топ кој има изразено деколте визуелно ќе ве издолжи, така што во моментот нозете ќе изгледаат подолго, особено ако комбинирате маица со длабоко v деколте и претходно споменатиот модел напантолони.
3. Целосно црна комбинација
Овој изглед не само што не прави послаби, туку не прави и повисоки. Значи, ако сакате да додадете неколку сантиметри, нека вашиот изглед биде целосно во црна облека.
Штиклите се секако она што ја прави жената посексепилна, се чувствуваме поубаво во нив, повисоки сме, а нозете изгледаат подолги.
Но, дополнителен трик, доколку сакате да постигнете визуелно подолги нозе, е да носите потпетици под панталоните во форма на sвоно, за да не бидат видливи. Таквиот изглед неверојатно, визуелно, ќе ви ги издолжи нозете.